Политика на приватност

Design:
BalkanGreenHouse

BalkanGreenhouse webshop

Политика на приватност

 

Политиката на приватност на Balkan Greenhouse Web Shop појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за Balkan Greenhouse Web Shop и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

 

Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.


Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.


Информациите кои нам ни се потребни се: име и презиме, e-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.


Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија.


Balkan Greenhouse Web Shop не собира никакви информации од финансиска природа како број на платежна картичка и/или број на банкарска сметка. 

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.


Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Balkan Greenhouse Web Shop не собира или користи податоци од малолетни лица.


Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз пристап. Преку cookies не се прибираат лични податоци.


Balkan Greenhouse Web Shop ги презема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.


Оваа политика на приватност стапува на сила од Јули 2012 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa Balkan Greenhouse Web Shop најмалку 30 дена пред да стапат во сила.

Made By Balkan Greenhouse
Balkan Greenhouse Web Shop © 2017