Услови за користење

Design:
BalkanGreenHouse

BalkanGreenhouse webshop

Услови за користење

 

Дефиниции

Зборовите употребени во овие услови за користење го имаат следново значење:
Balkan Greenhouse Web Shop – системот за интернет трговија кој е управуван од фирмата Балкан Грин Хаус ДОО Свети Николе
Купувач – секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи и услуги од Balkan Greenhouse Web Shop

 

Измена на условите за користење

Овие услови може да бидат изменети од страна на Balkan Greenhouse Web Shop без претходна согласност од купувачот, особено доколку тоа го налагаат условите на пазарот или позитивните законски прописи. 

Дополнувањата или измените на овие услови ќе бидат обајавени и јавно достапни на веб страната на Balkan Greenhouse Web Shop.
Со користење на Balkan Greenhouse Web Shop, веб продавницата на Балкан Грин Хаус ДОО, купувачот се согласува со следните услови на користење:

 

Регистрација на купувач

Како купувач на производи и услуги од веб продавнициата Balkan Greenhouse Web Shop може да се јави:

1. Секое деловно способно физичко лице, кое има валидна е-маил адреса и/или сопствена валидна и подобна платежната картичка.
2. Правен субјект кој има валидна е-маил адреса и/или сопствена валидна и подобна платежната картичка.

Со самата регистрација како купувач и креирање на профил, купувачот физичко лице потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на името и презимето, е-маил адресата кои ги користи се валидни во моментот на регистрација и завреме на процесирање на нарачката.

Со самата регистрација како купувач и креирање на профил, купувачот правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната земја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на називот, даночниот број и е-маил адресата кои ги користи се валидни во моментот на регистрација и за време на процесирање на нарачката.

 

При регистрацијата купувачот прифаќа да добива електронска пошта со промоции од Balkan Greenhouse Web Shop. За истата ќе му биде обезбедена можност да го откаже понатамошното примање на промотивни електронски пораки.

 

Нарачка на производи

Само регистрирани корисници можат да извршат нарачка на производи преку веб сајтот на Balkan Greenhouse Web Shop. По завршувањето на процесот на нарачка, на е-мејл адресата наведена од страна на купувачот при процесот на регистрација, ќе биде испратена електронска порака за потврда на залихата и рокот на испорака на нарачката. Доколку купувачот се согласува со условите за испорака и ја потврди нарачката, може да продолжи со плаќање на нарачката.

 

Доколку некој производ не сме во можност да го испорачаме, Balkan Greenhouse Web Shop се обврзува да му ја врати на купувачот полната уплатена сума за тој прозивод. Доколку купувачот изврши уплата врз основа на изгенерирана профактура, а ние не сме во можност да испорачаме дел од нарачката, на купувачот му севраќа полната сума за оние производи кои не сме во можност да ги испорачаме.

 

Прегледот на извршените нарачки и нивниот статус купувачот има можност да ги следи и преку системот на Balkan Greenhouse Web Shop, во делот "Моја сметка".

 

Balkan Greenhouse Web Shop го задржува правото за промена на цените на производите без никаква претходна најава, не одговара за можните грешки, сите производи не се секогаш достапни во продавницата, дел од производите се порачуваат, сликите и боите на производите може да се разликуваат од реалните продукти.

 

Balkan Greenhouse Web Shop е должен да го извести купувачот за промена на цената доколку е веќе извршена нарачка или нарачката е во процес на потврда. Доколку нарачката е платена, купувачот одлучува дали ќе ја доплати разликата во цените или ќе ја откаже нарачката со што ќе му се врати полниот уплатен износ.

 

 

Цени на производите

Продажната цена за производите објавени на Balkan Greenhouse Web Shop е крајната цена на единица производ со вклучен данок на додадена вредност и сите други јавни давачки. Цената е изразена во денари и наплатата се извршува во денарска валута. Во случај цената да е прикажана во некоја друга валута, тој податок е исклучиво од информативен карактер. Наплатата секогаш се извршува во денари. Balkan Greenhouse Web Shop го задржува правото за да ја промени цената на објавените производи без предходна најава.

 

Начин на плаќање

Плаќањето може да се изврши и по генерирана профактура која јадобивате на електронската пошта која сте ја навеле при регистрација на Balkan Greenhouse Web Shop. По извршената уплата се испорачува нарачката.

 

Враќање на производ

 

Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба. Трошокот за испорака на производот кој се враќа назад до Balkan Greenhouse Web Shop е на сметка на купувачот.

Made By Balkan Greenhouse
Balkan Greenhouse Web Shop © 2017